ЧЛЕН НА АНТИВАКСЕРСКА ПАРТИЈА ПОЧИНАЛ ОД КОРОНА - се противел на мерките и вакцинацијата, а сега подлегна на тежок ковид
Член на партијата „Луѓе, слобода, фундаментални права“ (МФГ), која со својата политика против мерките против ковид и вакцинација успеа да влезе во провинциските и локалните институции во австриската покраина Горна Австрија, почина од коронавирус.
На 25 ноември партијата објави дека се разболел еден од нивните партиски колеги од градот Рид им Инкраис.
„Да - еден член на МФГ е во болница поради короната“, напишаа тогаш од партијата.
Општинските власти сега објавија дека 54-годишниот советник и подлегнал на тешката болест коронавирус.
МФГ е партија која обединува луѓе кои го негираат постоењето на коронавирус и се противат на епидемиолошките мерки и вакцинацијата.
Со таква политика успеаја на последните избори, а најавуваат дека во случај на предвремени избори во Австрија ќе излезат на избори со верба дека ќе влезат во парламентот.
