Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧИВ Е МЕРЦЕДЕСОТ ВО ДАВОС СО НАТПИС „ВО КРИПТО ВЕРУВАМЕ“: Нема простор за рамнодушност кон луксузниот „убавец“

ЧИВ Е МЕРЦЕДЕСОТ ВО ДАВОС СО НАТПИС „ВО КРИПТО ВЕРУВАМЕ“: Нема простор за рамнодушност кон луксузниот „убавец“

Луксузот е составен дел на Давос, посебно во време на одржување на Светскиот економски форум каде што е собрана целата елита од планетата, а т.н Променада е главната улица во швајцарското гратче под Алпите, каде претставници на компании и влади „окупираат“ продавници и кафулиња во текот на „форумската“ недела.

Оваа година токму на шеталиштето, меѓу мноштвото луксуз едноставно не можеше да остане не забележан портокаловиот мерцедес, спортскиот модел AMG GT Class R.Паркиран пред Blockchain Hub, и ако подобро се погледне во автомобилот, на местото каде што стои логото на компанијата - сега има биткоин. 

Затоа и сосема е јасно зошто на гумите и на регистарските таблички пишува „во крипто веруваме, но останува отворено прашањето кому му припага овој луксузен „убавец“, чија вредност надминува 150.000 евра. 




Слично

Поврзани вести