Читањето твитови прераснува во важен бизнис
Лукас Ванденберт , извршен директор на седиште во Лос Анџелес нa агенција за истражување на социјалните медиуми Fifty & Five , и неговиот тим секој ден читаат илјади твитови и го следат секое споменување на брендови или производи на своите клиенти.
Агенцијата се грижи за одржување на корпоративните сметки преку Twitter . Некои од клиентите сакаат да одговарат на жалбите , други - ги бараат негативните твитови за конкурентите и го додаваат нивниот бренд како подобра алтернатива .
Но овој бизнис веќе им бега од рацете на малите фирми како Fifty & Five . Тој се претвора во нова индустрија која им помага на бизнисите да следат што мислат корисниците на Facebook и Twitter за брендовите и производите , пишува во својата анализа на темата The Washington Post .
Fifty & Five користи специјален софтвер за обработка на твитови . Присуството на зборови како " добро" и " сакам " заедно со трговската марка може да значи добро мислење за компанијата , додека " мразам " и "лошо" се меѓу клучните зборови за критичните пораки на социјалната мрежа.
Но јазичните алгоритми не секогаш можат да доведат до разбирање на контекстот . Овој тип јазични програми често ги мешаат жаргонот и сарказмот, а за да се компензираат овие проблеми во моментов се создава нов психолингвистичен пристап кој ги собира основните јазични алгоритми врз осноба на психолошки принципи.
Постои и софтвер со името Decooda кој ги категоризира твитовите како позитивни , негативни или неутрални , но и тоа се случува врз основа на одредени психолошки истражувања. Целта на Decooda е да открие колку често се користат одредени зборови , како и каква е веројатноста тие да пронајдат позитивно или негативно однесување.
Овој тип програми придонесуваат за собирање на информации за видовите твитовите и Facebook постови , како и за блоговите кои луѓето ги создаваат. На тој начин се следи дали корисниците се разочарани од некој производ или се задоволни од него .
Во меѓувреме и IBM развива ваков софтвер кој ги анализира индивидуалните корисници на Twitter . Програмата создава портрет на базата на историјата на твитови за секој клиент . Од IBM тврдат дека ќе ги користи овие информации за да ги подобрат своите услуги , па да одговорат на најдобар можен начин на потрошувачките потреби на секој поединечен клиент .
Слично
