Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чистач на улици ги добил 168-те милиони евра од Европското лото

Чистач на улици ги добил 168-те милиони евра од Европското лото

Работник во општинската служба за чистотата во Брисел е среќникот, кој ја добил рекордната добивка од 168 милиони евра од Евромилиони минатата недела, објавија белгиските медиуми.

Мажот бил чистач на улици и го прехранувал семејството, собирајќи ѓубре од тротоарите во белгиската престолнина.

Откако беше извлечен победничкиот тикет во вторникот вечер, мажот не се појавил на работа. Според неговите колеги, сепак причината не била дека тој не ја сакал или се срамел од својата работа, туку бидејќи сакал да ја избегне љубопитноста на медиумите, кои ја ставиле под опсада општинската служба и се обидувале да разберат како ќе ги троши своите милиони.

Десетици луѓе се свртеа кон новопечениот милионера да сподели со нив дел од парите и да ги извади од финансиски проблеми.

Точниот износ на добивката на бриселскиот чистач е 168.085.323 евра. Тоа е најголемата сума освоена некогаш од белгиски државјанин на лотарија и петти по големина освоен џекпот во историјата на играта Евромилиони. Најголемата сума досега е земена од Португалец во октомври 2014 година - 190 милиони евра.

Засега за најновиот белгиски милионер се знае дека е татко на четири деца. Минатата недела тој прокоментира дека бил во шок откако го видел повлекувањето на последниот број од тикетот.

Почнал да сфаќа што се случило, откако се вратил дома и ги проверил повторно броевите на компјутер. Добитникот погодил пет основни броеви и два дополнителни.

Во јули, 22 возачи на автобуси од Даблин поделија 24 милиони евра од истата игра.


Слично

Поврзани вести