Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧИНИ 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Украина тврди дека уништила руска радарска станица

ЧИНИ 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Украина тврди дека уништила руска радарска станица

Службата за безбедност на Украина тврди дека уништила руска радарска станица со долг дострел. Радарот е вреден 100 милиони долари, а го погодиле седум дрона.

Службата за безбедност на Украина (СБУ) погоди руска радарска станица со долг дострел во областа Брјанск, која ја следела ситуацијата на небото до 700 километри во внатрешноста на територијата на Украина, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на извор во СБУ.

„Русите сега имаат уште еден модернизиран комплекс Небо-У помалку, кој му помагаше на непријателот да го открива украинското оружје и ги поддржуваше бомбардерите што ја напаѓаа пограничната област на Украина со наведувани проектили“, рече изворот, пренесе Униан.

Агенцијата пишува дека ова е втор комплекс Небо-У уништен од СБУ и дека е прв уништен во регионот Белгород во Русија. Украина редовно врши напади на руска територија. 

Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од две години, односно на 24 февруари 2022 година. 

foto EPA

Слично

Поврзани вести