Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧИЛЕАНЦИТЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ: Почнаа генерален штрајк поради социјалната нееднаквост

ЧИЛЕАНЦИТЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ: Почнаа генерален штрајк поради социјалната нееднаквост

Генерален штрајк и масовни демонстрации има во Чиле.

Штрајкот се случи по 26-от ден од демонстрациите против социјалната нееднаквост.

Илјадници луѓе  мирно маршираа во главниот град Сантијаго, веејќи државни знамиња, а со нив беа и домородните групи Мапуче кои имаа и традиционални музички инструменти, пренесува агенцијата АП.

Крајбрежниот град Валпараизо е блокиран, а владините служби и јавниот и приватниот транспорт не се во функција.

Демонстрантите вчера фрлаа со камења кон некои продавници, принудувајќи многумина сопственици да не ги отвораат своите локали.

Масовни протести имаше и на југот на земјата каде сообраќајот се попречува со барикади.

Студентскиот протест поради зголемувањето на цените на метрото прерасна во широко движење кое бара реформи во образованието, здравството, пензиите и промени во Уставот.

На протестите претходно имаше и жртви. 

Чилеанската Влада се согласи да напише нов Устав, со кој ќе се замени сегашниот кој потекнува од времето на диктатурата на Аугусто Пиноче, а со цел да да ги смири повеќенеделните насилсни протести.

Министерот за внатрешни работи Гонзало Блумел изјави дека претседателот Себастијан Пинера, членови на претседателската администрација и политички сојузници се согласиле дека Конгресот ќе го води процесот на повторно пишување на Уставот. Чилеанците ќе гласаат за нацрт-уставот на референдум.

Слично

Поврзани вести