Чија бомба го урна рускиот авион во Египет?
Доказите сега укажуваат на тоа дека бомбата која ја подметнале припадници на Исламска држава е најверојатна причина за несреќата на рускиот авион над Синај во Египет, соопштија извори од европски и американски служби на безбедност, пренесува српски ртс.
Претставниците нагласуваат дека не дошле до конечни заклучоци за несреќата на рускиот авион во која загинаа сите 224 патници и членови на екипажот.
Египетскиот огранок на Исламска држава, која контролира делови од Ирак и Сирија и се бори против египетската војска на Синај, во нова аудио снимка ги отфрли сите сомененија за уривање на рускиот патнички авион.
Џихадистите најавија дека ќе му соопштат на светот како го урнале авионот кога проценат дека е време за тоа.
Британија соопшти дека е можно некоја експлозивна направа да е причина за уривање на авионот, но не споемнува кој би можел да биде одговорен за тоа.
„Заклучивме дека постои значајна можност дека авионот се урнал поради некоја експлозивна направа“, изјавил британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд после состанокот на владиниот комитет на вонредни состојби, со кој претседавал премиерот Дејвид Камерон.
Египет, близок сојузник на САД, изнесе слична теорија.
„Се верува дека во прашање била експлозија, но засега не е познато од кој вид. Во тек е испитување на причините на остатоци од местото на несреќата за да се потврди дали тоа била бомба“ рекол неименува египетски извор, близок до тимот кој ги истражува содржините на црните кутии.
Авионот на руската компанија„Когалимавија“ , на летот од Шарм ел Шеин до Санкт Петербург, се урна во саботата на 31 октомври , 23 минути после полетувањето, околу 100 км од Ариш во Северен Синај.
