Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чиј е најсподелуваниот твит на светот?

Чиј е најсподелуваниот твит на светот?


Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава го има најретвитуваниот пост на социјалната мрежа „Твитер“. Сопственикот на вториот по големина јапонски сајт за онлајн шопинг „Зозо“ твитна дека ќе плати 100 милиони јени (920 илјади долари) на 100 среќници кои ќе го ретвитнат неговиот пост. Во обид да се меѓу избраните случајни победници, следбениците на Маезава го ретвитнале постот рекордни 3,8 милиони пати, а ставиле и над 900 илјади лајкови.

Претходниот рекорд за ретвитови му припаѓаше на студент од САД, чија цел беше да добие бесплатна годишна достава на пилешко од „Вендис“, покажуваат податоците на Статиста. Овој пост имаше 3,58 милиони ретвита и 990.000 допаѓања. Селфито на Елен Де Џенерис од Оскарите во 2014 година, со холивудските ѕвезди Мерил Стрип, Џулија Робертс, Бред Пит и Анџелина Џоли, беше на второ место со 3,3 милиони споделувања.

- Се што треба да направите за да учествувате е да ме следите и да го ретвитнете овој твит- напиша на Маезева на 5 јануари.

Твитот вклучуваше слика на човек на ракета со месечината во позадина. Сликата е слична на инсерт од популарниот филм E.T.


Лани во септември, тој објави дека ќе лета на месечината со SpaceX во 2023 година.


Слично

Поврзани вести