ЧЕЗ се откажа од ширење во Романија
Чешката енергетска компанија ЧЕЗ ќе се концентрира на проширувањето на дејноста во Полска за сметка на Романија, откако Букурешт објави дека ќе има намалување на субвенциите за обновлива енергија, соопштува „Bloomberg“.
„Проширувањето во Романија беше само идеја, но сега одлучивме да се концентрираме на полскиот пазар", изјави портпаролот на ЧЕЗ, Ладислав Криз.
Романската влада објави неодамна дека ќе го запре за три и пол години системот на издавање на зелени сертификати за производителите на енергија од обновливите извори.
Мерката е наменета да го намали сметките платени од страна на крајните корисници за 50%, бидејќи тие го поднесуваат поголемиот дел од трошоците за обновлива енергија. Овој потег ризикува да ги избрка инвеститорите, забележува „Bloomberg“.
„Нивото на доверба во Романија е намалено до нула“, вели аналитичарот Маркус Врилинг, специјалист за обновлива енергија. Тој коментира дека голем број клиенти се решиле да ги раскинат или да ги одложат инвестиции во вредност од стотици милиони евра.
Минатата година ЧЕЗ го заврши планот, во романскиот регион Добруџа, за најголемиот парк на ветар на копно во Европа со вкупна инсталирана моќност од 600 мегавати.

Слично