Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЕЗ остана без лиценца за работа

ЧЕЗ остана без лиценца за работа
По спорот со владата чешката компанија ЧЕЗ, која управува со електричната мрежа на Албанија, ја загубила лиценцата  што доведе до прекини во водоснабдувањето и во електричната мрежа. Албанскиот државен регулатор соопшти дека електродистрибуцијата ќе биде вратена под владин надзор по одземање на лиценцата на ЧЕЗ, сопственик на 76 отсто од акциите на операторото за дистрибуција на електрична енергија. Од чешката компанија тврдат дека биле принудени да направат прекини во електричната енергија поради неплатени сметки, додека владата оспорува бидејќи компанијата ги игнорирала обврските за инвестициите во инфраструктурата. Чешката компанија најави дека ќе бара компензација поради одлуката која е “спротивна на локалното законодавство“.
Слично

Поврзани вести