Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четвртиот мандат на Путин започнува утре: дали ќе му биде последен?

Четвртиот мандат на Путин започнува утре: дали ќе му биде последен?

Четвртиот претседателски мандат на Владимир Путин официјално започнува во понеделник, на 7-ми мај. Старо новиот шеф веќе покажа амбиции за економски раст во следните години, но никогаш не кажа какви конкретни мерки ќе преземе. Во меѓувреме, аналитичарите прашуваат што ќе се случи по завршувањето на шестгодишниот мандат.

Уште еднаш, Путин победи на изборите оваа година на 18-ти март. Тој ќе владее до 2024 година. Прашањето е дали тој потоа ќе се повлече од власта или ќе се обиде да ја задржи? Франс Прес нуди неколку сценарија за Путин за 6 години.

Повлекување

Ако не биде направена уставна реформа, Путин нема да може да е кандидат за претседател повторно во 2024 година . Рускиот устав забранува кандидирање за повеќе од два последователни мандати. Во 2024 година, Путин ќе има 72 години и по 24 години на власт тој може да одлучи да се повлече.

Во интервју за американската телевизија NBC Путин рече дека мисли за потенцијален наследник уште од 2000 година . Тој, сепак, додаде дека на крајот рускиот народ ќе донесе одлука за ова прашање.

Во моментов, Путин не дава најмала индикација за личноста која мисли дека може да стане негов наследник. Во 2008 година Путин, кој беше поминал два последователни претседателски мандати и не можеше да се бори за трет, му го отстапи местото на Дмитриј Медведев, а тој стана премиер. Потоа повторно се врати во Кремљ во 2012 година, а Медведев е актуелен премиер на Русија, што сепак не го прави задолжително потенцијален наследник на Путин.

Рускиот политички живот е обележан со борба помеѓу двајца ривалски кланови - армиски и безбедносни сили, како и претставници на послободни движења поврзани со бизнисот. Според независниот аналитичар Николај Петров борбата е веќе започната и никој нема да чека пасивно, а секоја група ќе се обиде да им помогне на своите интереси. Тој додава дека Путин нема да замине без негов наследник.

Повторување на сценариото од 2008 година

Ако сака да остане на власт, Путин може да го повтори сценариото од 2008 година, кога го испрати во претседателството Медведев и стана премиер на 4 години, задржувајќи ја контролата на клучните прашања во земјата. Но, тој може да го напушти ова сценарио поради неговата возраст. Во 2030 година, кога би истекол евентуалниот мандат на Медведев, тој ќе има 78 години. Запрашан од новинарот вечерта на победата во март дали размислува за ова сценарио, Путин ја отфрли хипотезата со зборовите: "се шегуваш! Што треба да направам? Да останам тука до 100 години? Не".

Доживотно претседателство

Искористувајќи ја големата популарност, се присутен во руските медиуми, Путинја  изгради државната власт како "вертикала на власта", односно зависна само од него. Во интервјуто за Ен-Би-Си тој негира дека сака да се вгезди во власта и потсети дека никогаш не го менувала уставот и нема намера да го прави тоа и денес. Така тој посочи дека не размислува да е претседател доживотно по примерот на кинескиот лидер Си Цзинпин кој преку промена во уставот постигна укинувањето на ограничувањето за бројот на претседателските мандати.

Според аналитичарот Дмитриј Орешкин сепак Путин едвај ќе се откаже од власта по 6 години, дури и да му е доста. "Тој не може да си замине, бидејќи не верува дека некој ќе може тогаш да го заштитува", смета аналитичарот.

Големи очекувања на бизнисот 

Што и да се случи по 6 години, бизнисите се надеваат на итни реформи, вклучително и во образованието и инфраструктурата. Еден од големите предизвици е врзан за затегнатите односи на Русија со Западот, особено по наметнувањето на американските санкции за земјата.

Самиот Путин ветува раст од 4% во економијата со прогнози за само 1-2%. Меѓутоа, за време на неговиот говор, никогаш не ги поддржал неговите зборови со конкретни мерки. Со други зборови, тој е амбициозен да ја спречи растечката, според негови зборови "неприфатлива" сиромаштија во неговата земја.

Економските средини се надеваат дека конкретни реформи и планови за развој во вистинска фаза ќе бидат објавени по инаугурацијата на четвртиот мандат на Путин.

Слично

Поврзани вести