Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четвртиот бран ќе предизвика проблеми, вели германскиот министер Шпан

Четвртиот бран ќе предизвика проблеми, вели германскиот министер Шпан

Пандемијата не е завршена, a четвртиот бран ќе предизвика проблеми. 

Oва го тврди германскиот министер за здравство Јенс Шпан. 

„Ако не преземеме соодветни мерки сега, четвртиот бран ќе предизвика многу проблеми“, рече Шпан на заедничката прес-конференција со Лотар Вилер, директор на Државниот епидемиолошки институт „Роберт Кох“.

Тој побара строго почитување на мерките во борбата против пандемијата, како што е ограничување на влезот во ресторани или јавни институции за невакцинираните и носење заштитни маски, како и построго прибегнување кон казнени мерки.

Шпан укажа и на потребата од подобра контрола во домовите за стари лица за да се избегне појава на зараза, како што се случи неодамна во Бранденбург, каде 14 жители починаа од коронавирус во дом за стари лица.

Во Германија за еден ден се пријавени 20.398 нови инфекции со коронавирус и 194 починати. 

Фото: EPA-EFE/MIKA SCHMIDT / POOL

Слично

Поврзани вести