Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четврта класа во авионите на „Луфтханза“

Четврта класа во авионите на „Луфтханза“
Четири различни класи наскоро ќе нуди германската авиокомпанија „Луфтханза" во своите летови, покрај првата, бизнисмените ќе можат да избираат меѓу две економски класи. Досегашната економска класа во авионите ќе стане четврта, најниска, а Луфтханза воведува трета класа која ќе се вика „Премиум економи".  Новата категоризација ќе се воведе од 2014 година. -Сега ќе воведеме и четврта класа, бидејќи тоа го сакаат нашите патници", изјави за „Зидојче Цајтунг" претседателот на управата на германскиот авиопревозник Кристоф Франц. Во пролет 2014 година „Луфтханза" ќе ги претстави новите седишта во своите авиони и тогаш ќе започне прилагодувањето на авионите според новиот распоред на класите. Цените на третата „премиум економска" класа би требало да бидат поблиски до економската, отколку на бизнис класата.  
Слично

Поврзани вести