Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четворица загинати во снежна бура во САД

Четворица загинати во снежна бура во САД
Најмалку четири лица загинаа во снежната бура, што во изминатава недела по вторпат го погоди североисточниот дел на САД. Една жена загинала откако била прегазена од машина за чистење снег, информираат официјални претставници на американската сојузна држава Масачусетс, додека од државната полиција во Њујорк објавија дека две лица загинале во верижен судир на автопат во близина на градот Рај. Во американската сојузна држава Охајо, во Толедо, полицаец починал од срцев удар додека чистел снег пред влезот на својата куќа. Во критична состојба се наоѓа и градоначалникот на Толедо, Мајкл Колинс кој со возилото излетал од патот и удрил во столб додека се враќал од конференција за новинари. На потегот од Филаделфија до Портланд и Мејн метеоролозите најавуваат ниски температури и мраз на патиштата. Во некои делови се очекува снежна покривка од околу 40 сантиметри. Бурата многу силно го погоди Бостон, каде веќе втор ден училиштата се затворени.
Слично

Поврзани вести