Четворица уапсени при голем корупциски скандал во Италија
Голем корупциски скандал ја потресе владата на Италија. Еден министер поднесе оставка поради сомневања за злоупотреба на 25 милијарди долари.
Четири лица се уапсени, а 51 чице се на распит. Сомневањата се дека милијардите се давани на блиски луѓе до власта. Според информациите во медиумите, дел од парите биле дадени на синот на министерот за транспорт и инфраструктурата Маурицио Свиреп.
Тој негира дека неговото семејство е вмешано, но изјавил дека ќе поднесе оставка поради сомневањата во неговата искреност. Се работи за дело кое започнало како проверка на договорите за железница во Фиренца. Проверката ја покажала цела мрежа од корупциски зделки и фаворизирање на одредени фирми. Изградба на Експо 2015, што ќе се одржи во мај во Милано, исто така е дадена на компании блиски до власта.
