ЧЕТВОРИЦА СТУДЕНТИ ОД АЈДАХО ИЗБОДЕНИ СО НОЖ ДО СМРТ - во домот биле присутни и други двајца цимери
Двајца цимери биле во домот за време на убиството на четворицата студенти од Универизитетот во Ајдахо, соопшти локалната полиција. Џејмс Фрај, началникот на полицијата во Ајдахо во градот Москва, рече дека двајцата дополнителни цимери биле дома во моментот на смртта на другите четворица, но не биле повредени или земени како заложници.
На прес-конференцијата, Фрај соопштил дека убиствата на младите се случиле во „раните утрински часови“ на 13 ноември, но полицијата била повикана дури „околу пладне“.
Фрај не прецизираше дали двајцата преживеани цимери се „сведоци“ и додаде дека тие сè уште биле таму кога полицијата пристигнала подоцна истиот ден да истражи.
Четирите жртви беа идентификувани како: Итан Чапин 20, од Вашингтон, Медисон Моген 21, од Ајдахо, потоа Хана Кернодл 20, од Аризона и Кејли Гонкалвес 21, од Ајдахо.
На прес-конференција одржана на 16 ноември, полицијата потврди дека уште двајца цимери биле дома за време на убиството на четворица студенти од Универзитетот во Ајдахо на 13 ноември.
Џејмс Фрај, началникот на полицијата во Ајдахо во градот Москва, рече дека двајцата дополнителни цимери биле дома во моментот на смртта на другите четворица, но не биле повредени или земени како заложници.
Началникот посочил дека телата на младите жртви, биле на обдукција во средата, но тој јавно не ги идентификувал двајцата преживеани цимери. Фрај повтори дека нема моментално лице од интерес, но дека истражителите „веруваат дека ова бил изолиран напад“ со „целни жртви“.
Кога подоцна новинарите го притиснаа да објасни зошто полицијата мисли дека станува збор за изолиран напад, тој појасни.
- Не можеме да кажеме дека нема закана за заедницата. Постои закана таму, можеби - посочил тој и ги охрабрил граѓаните да внимаваат едни на други и да пријават какви било совети.
- Треба да бидеме внимателни. Треба да внимаваме на нашите соседи. Треба да продолжиме да го правиме тоа додека не можеме да го затвориме ова и да уапсиме - посочил началникот, пренесува „TODAY“.
На прес-конференцијата беа понудени и повеќе детали за инцидентот. Фрај рече дека четирите жртви биле избодени со нож, кој не е лоциран, и дека во домот немало траги од насилно влегување. Тој исто така рече дека нема знаци на грабеж.
Фрај рече дека иследниците работат на составување временска рамка за смртоносната вечер. Досега утврдиле дека Чапин и Кернодл биле на забава во кампусот таа вечер, додека Гонкалвес и Моген отишле во бар во центарот на градот, а подоцна застанале кај камион со храна.
Тој рече дека се вратиле дома „некаде по 1:45 часот по полноќ“. Тој рече дека повикот на 911 за „онесвестен човек“ дошол „околу пладне“ - повеќе од 10 часа подоцна.
Семејствата на некои од жртвите јавно ја критикуваа реакцијата на полицискиот оддел.
- Постои недостиг на информации од Универзитетот во Ајдахо и локалната полиција, што само поттикнува лажни гласини и инсинуации во печатот и социјалните медиуми - рече Џим Чапин, таткото на жртвата Итан Чапин, во изјава за NBC News.
- Тишината дополнително ја зголемува агонијата на нашето семејство по убиството на нашиот син, посочил Чапин во изјавата. За Итан и неговите тројца драги пријатели убиени во Москва, Ајдахо и сите наши семејства, ги повикувам официјалните лица да ја кажат вистината, да споделат што знаат, да го пронајдат напаѓачот и да ја заштитат пошироката заедница.
На прес-конференцијата на 16 ноември, Фрај одговори на новинарско прашање зошто инспекторите не биле повнимателни за истрагата.
- Имаме многу информации кои доаѓаат. И знаете, се обидовме да изнесеме некои информации преку соопштенија за печатот. Но, реалноста е дека веројатно требаше да стојам овде пред некој ден - посочил началникот на средбата со новинарите.
Сестрата на Гонкалвес Аливеа изјави за локалната филијала на NBC KHQ дека не се согласува со верувањето дека убиствата се „изолирани“.
- Сè може да биде изолирано додека не е. И додека не имаме некој во притвор, нема начин со каква било доза на доверба да кажеме дека ова е изолирано. Некој го направи ова со цел - не еднаш, не двапати, не три пати, туку четири. Не знам за ништо пострашно од тоа - рече Аливеа Гонкалвес.
Москва е рурален град со околу 25.000 луѓе околу 90 минути југоисточно од Вашингтон. Полицијата соопшти дека немало пријавено убиство во градот во изминатите неколку години.
Фото: Принскрин/ Твитер
