Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четиригодишно девојче почина откако го извадија од урнатините, спасувачот ја снимал во живо

Четиригодишно девојче почина откако го извадија од урнатините, спасувачот ја снимал во живо

Во Турција почина девојче извлечено од урнатините, a спасувачот доби критики затоа што снимал „во живо“ и не чекал брза помош. 

Азра Дуру имаше само 4 години. Веста за смртта ја потврдија роднините на малечката Азра, јавуваат турските медиуми. Спасувачот ја вклучил камерата од телефонот и снимал додека самиот го држел девојчето и покрај тоа што имало видливи повреди.

На снимките се гледа дека детето тешко ја држи главата, а внимание привлекоа и повредите на лицето, пишуваат корисници на социјалните мрежи во Турција. Велат дека спасувачот не требал сам на раце да го носи повреденото девојче. Причината за смртта на Азра е објаснета како траума предизвикана од природна катастрофа, тешка повреда, внатрешно крварење, скршеници на левата нога и на десната рака. Цели семејства загинаа во Турција. Бројот на жртви во Турција и Сирија е околу 42.000. 

Слично

Поврзани вести