ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Jaпонија е на потег да ја воведе
Јапонската влада ги охрабрува компаниите да усвојат четиридневна работна недела.
Јапонските власти, во обид да го надоместат загрижувачкиот недостиг на работна сила, охрабруваат се поголем број компании да усвојат четиридневна работна недела, според неодамнешна студија потенцијалниот недостиг се проценува на неверојатни милион работници до 2040 година, пренесува Њујорк пост.
Податоците на јапонското Министерство за здравство, труд и социјална заштита, покажуваат дека само околу осум отсто од компаниите во Јапонија им дозволуваат на вработените да земаат три или повеќе слободни денови, а седум отсто од компаниите на работниците им го даваат само законски предвидениот еден слободен ден.
Јапонската влада првпат поддржа пократко работно време во 2021 година, откако и пратениците ја поддржаа идејата.
Повеќе земји во светот веќе имаат искуство со пократка работна недела, со цел работниците да имаат баланс меѓу професионалниот и семејниот живот.
Полскиот премиер Доналд Туск вети помалку работни часови за Полјаците.
foto EPA
