Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четири руски ракети паднале во Иран

Четири руски ракети паднале во Иран

Четири руски ракети, истрелани од воените бродови во Каспиското Море кон Сирија паднале во Иран. Тоа го изјавиле за „Си Ен Ен“ американски воени извори, додавајќи дека немаат информации за штети или жртви. Од Стејт департментот соопштија дека во овој момент не можат да ги потврдат таквите информации, а руското воено министерство категорично негира.

Русија ги вклучи поморските сили во акцијата против терористите во Сирија уште во среда, кога истрела 26 ракети кои летале над 1200 километри над Ирак и Иран, пред да погодат 11 цели.

Во четвртокот Москва официјално посочи дека сите ракети ја достигнале својата цел. Заедно со американските медиуми сепак иранската новинска агенција „Ирна“ исто соопшти за неидентификуван летечки објект, кој се урнал во малото гратче во иранската провинција во Западен Азербејџан.

Конзервативните ирански медиуми сепак веднаш ја оценија информацијата како психолошка пропагандна за операција на САД против Москва.

„Секој професионалец знае како се извршуваат такви напади - целта секогаш се фиксира пред и по ударот. Сите наши ракети извршија ефикасни погодоци. Инаку треба да прифатиме дека поразените бази на „Исламската држава“ се кренале во воздух сами“, изјавил портпаролот на руското воено министерство ген. Игор Конашенков.

Во тоа време, американскиот државен секретар Џон Кери одржал телефонски разговор со рускиот колега Сергеј Лавров, во кој го повикал Вашингтон и Москва да се придвижат напред кон техничките преговори поврзани со акцијата во Сирија со цел избегнување на инциденти.

Слично

Поврзани вести