Четири лица меѓу кои имало и бебе замрзнале во обид да ја поминат канадско-американската граница
Мигранти замрзнале во обид да ја преминат канадско-американската граница, a меѓу нив има и бебе. Се уште не е познат идентитетот на жртвите.
Станува збор за четири лица кои се обиделе да пристигнат во Северна Дакота. Тоа се двајца возрасни, тинејџер и доенче. Американските цариници запреле комбе со 15 патници, во кое пронашле двајца индиски државјани без документи, објави Еј-Би-Си.
Подоцна, на 400 метри од границата, полицијата уапсила уште пет Индијци без документи кои се обиделе да ја преминат границата со САД. Еден од нив носел ранец во кој имало работи за децата. Тој им рекол на властите дека носел ранец за семејство кое патувало со нив, но се одвоило од нив ноќта.
Температурите во Емерсон, Манитоба, на американско-канадската граница, деновиве паднаа на минус 25 степени Целзиусови.
