Економија, финансии, бизнис

Контакт

Четири години од катастрофалниот земјотрес во Јапонија

Четири години од катастрофалниот земјотрес во Јапонија

Земјотресот беше со јачина од 9 степени по Рихтер, но следеше цунами бран во североисточните региони, кој го однесе животот на 18 500 луѓе. Потоа се случи и најтешката нуклеарна несреќа во јапонската историја - онаа со нуклеарната централа „Фукушима-1“.

Јапонија ја одбележува денес четвртата годишнина од земјотресот со јачина од 9 степени по Рихтер, следеше  цунами бран во североисточните региони, во кој загинаа 18 500 лица и најтешката нуклеарна несреќа во јапонската историја, пренесоа агенциите и „Франс прес“.

Четвртата годишнина од катастрофа на 11 март 2011 година ќе биде почесена од Јапонците со минута молчење во 14.46 часот, по локално време - во спомен на жртвите, повеќето однесени од водата која надмина 30 метри на некои места по пацифичкиот брег.

Од близу 18 500-те жртви телата на 2600 не беа откриени, потсетува „АФП“.

Кон природната катастрофа - најтешка по Втората светска војна, се придодаде и нуклеарната несреќа во нуклеарната централа „Фукушима-1“, која протера десетици илјади луѓе од нивните домови.

Со катастрофата излегоа од функција системите за снабдување со електрична енергија и ладење на „Фукушима-1“. Ова доведе до топење на нуклеарно гориво, експлозии на водород и радиоактивно загадување на околните области. Во последните години ситуацијата во оштетената нуклеарна централа продолжува и е сложена, иако сите нејзини реактори се во состојба на ладно запирање. Главниот проблем е истекот на високорадиоактивна вода.

Четири години подоцна, поради радиоактивноста или разурнувањата од цунамито, околу 230 000 луѓе се уште живеат далеку од нивните домови - во привремени засолништа, кај блиски пријатели или во болници и санаториуми.

Владата организира денес комеморативна церемонија во Токио, на која ќе присуствуваат јапонскиот император Акихито, премиерот Шинзо Абе и претставници на семејствата на жртвите, пренесуваат агенциите.

Слично

Поврзани вести