Четири богати земји кои не примија ниту еден бегалец
Додека сите следат што се случува во Европа, кон која повеќето бегалци тргнале, истовремено богатите арапски земји не покажуваат премногу емпатија кон страдањата на Сиријците. Така најбогатите -Саудиска Арабија, Обединетите Срапски Емирати, Катар и Кувајт - не примиле ниту еден бегалец.
Би-Би-Си потсетува како ниту една од овие држави не ја потпишале Конвенцијата за бегалците од 1951 година. Најмногу сириски бегалци, речиси два милиони , се наоѓаат во Турција, во бегалските кампови. Некои арапски земји се преполни со бегалци од војните во соседните земји. Либанон, на пример, згрижува милион и 200 илјади, а Јордан повеќе од 628 илјади бегалци.
Министрите за надворешни работи на Европската унија ја разгледаа можноста да воспостават бегалски центри надвор од Европа, како еден од начините за решавање на кризата. Претседателот на Европскиот совет Доналод Туск повика на воспоставување прифатни центри во близина на воените зони „надвор од Европа каде веќе постојат бегалски логори“. Високата претставничка за надворешна политика на Унијата Федерика Могерини рекла дека организациите на такви центри барало „огромни средства“.
