Четири банки мора да се соочат со непријатната вистина
„Кинеските банки не се вистински банки“, вели Ендрју Ротман од ЦЛСА, брокерска куќа која неодамна беше преземена од кинеската ЦИТИЦ секјуритис. Најголемите фнансиски институции во земјата се сопственост на државата, што всушност ги прави филијала на Народната банка. Создадени со правила кои ги штитат од конкуренција, во најдобрите времиња тие носеа огромни профити: профитите на банките како дел од кинескиот економски аутпут минатата година беше еднакво на три отсто, додека највисокиот однос постигнат во последните децении од американските банки беше само еден процент од БДП (и тоа во 2006 година). Во лоши времиња, државата е тука да чисти, како што го стори тоа за време на огромниот раст на фалшливи заеми во 90-ите.
Но евтиниот начин кој ги доведе кинеските банки од „Голема четворка“ на врвот на глобалната лига, пука како балон. Иако сега се сметаат за профитабилни, наскоро и нив ќе ги погоди уште еден бран од фалшливи заеми. Додека се прави ребаланс на кинеската економија, државата има се помалку воља отколку што беше тоа случај во минатото: да преплавува со кредити во претпријатијата во државна сопственост (СОЕ), на сметка на домаќинствата и приватните фирми. Но епитетот на Ротман нема секогаш да држи. Кинеските големи банки полека стануваат реални институции.
Тоа ќе влијае како надвор од Кина, така и дома. Најголеми заемодавачи во земјата се џинови во банкарскиот свет. Индастријал енд комершал бенк од Чајна (ИЦБЦ), која за минатата година прикажа неоданочен приход од скоро 50 милијарди долари, неодамна од списанието за трговија Д Банкер беше прогласена за најголема банка на светот, мерена според основниот капитал. Во 2000-та, основниот капитал на ИЦБЦ беше само 22 милијарди долари, а до крајот на минатата година, тој нараснал на 161 милијарди долари, со што ги надмина ЏП Морган Чејс и Бенк оф Америка. Три други кинески банки се пробија помеѓу првите десет во светот: Чајна констракшн бенк (ЦЦБ), Бенк оф Чајна (БоЦ) и Агрикалчрал бенк оф Чајна (АБЦ).
Уделот на пазарот на овие банки е воодушевувачки: ИЦБЦ и АБЦ имаат по 400,000 вработени, скоро колку и Фолксваген, најголемиот производител на автомобили на светот. ИЦБЦ има преку четири милиони корпоративни клиенти. ЦЦБ има 14,000 филијали.
Големата четворка произлезе од остатоците на Народна банка на Кина (ПБОЦ), централната банка, во 80-ите - иако оригиналната БОЦ постои уште од времето на династијата Квинг. Тие биле создадени за да работат како приватни комерцијални банки: сите четири имаат флоатирачки акции на берзите во Хонг Конг и Шангај. Но државата задржа најголем дел од акциите во нив, како и во другата најголема банка, Бенк оф комјуникејшнс. Големата четворка ја водат високи членови во комунистичката хиерархија, со шефови кои лесно преминуваат помеѓу банките и регулаторните агенции. Ванг Хонгжанг, претседателот на ЦЦБ, претходно бил заменик гувернер во ПБОЦ и партиски секретар во партиската „Комисија за инспекција на дисциплината“. Ксиао Ганг, поранешниот претседател на БОЦ, сега е шеф на кинеската Регулаторна комисија за безбедност, која ги контролира пазарите.
Таквите испреплетени врски се знак за специјалната улога која Големата четворка банки ја играат во кинеската економска политика. Едноставно кажано, тие се главните инструменти за финансиска репресија. Заради официјалниот лимит на стапката на депозити, големите банки имаат извор на ефтини средства кои можат да ги усмерат кон омилените СОЕ и другите ограноци на владата. ИЦБЦ, ЦЦБ и АБЦ минатата година имале најголем нето приход од камати во споредба со било која друга банка во светот.
Но во овие бројки од насловите има повеќекратни гревови. Кина ги користеше најголемите банки за да го спроведе економскиот стимулус во 2009, со што се создаде впечаток на матни сметки, неизбалансирани извештаи за транскации и фалшливи позајмици. Официјалните податоци за фалшливите заеми го стави нивното ниво само во еден отсто од имотот на банките. Никој не верува во тие бројки. Четиримесечните резултати кои беа објавени неделава, покажуваат профити со благо покачување на провизиите. Но од инвестициската банка Морган Стенли, велат дека најреалните бројки можат да изнесуваат 10 проценти за сите останати банки, а 6-8 отсто за најголемите. Нештата се уште полоши во многу индустрии кои се преоптоварени со прекапацитетност: 17 отсто од заемите за производниот сектор, на пример, можат да станат фалшливи ако економијата опадне, вели Морган Стенли.
Големите банки постоеја и порано. Во 90-ите беше направен елаборат за финансиска помош за да се рекапитализира Големата четворка, и да се префрлат фалшливите заеми во компании кои ќе управуваат со имотите. Неверојатно е дека на Големата четворка банки ќе и се дозволи да пропаднат ако повторно се појави слична ситуација. И покрај тоа, нивниот удел на пазарот е веќе под закана.
Три промени посебно ја слабеат нивната позиција. Првата е стагнацијата на СОЕ, што е во суштествено спротивно со динамиката на „бамбус капиталистите“ во приватниот сектор. Николас Ларди од тинк-тенк организација Институт Петерсон за меѓународна економија, проценува дека во изминатата деценија СОЕ уништиле толку многу вредности, што, во меѓувреме, создале негативен реален поврат на вложениот капитал. Но приватните индустриски фирми, кои создаваат најмногу работни места и поголемиот дел од економскиот раст, имаат деинамично позитивни резултати.
Додека економијата забавува, кинеските лидери одлучија дека ресурсите не смеат да се расфрлаат на овој начин. неодамнешните официјални објави се закануваат да ги намалат инвестициите во препотоварените државни индустрии. Оттука големите кинески банки мораат да се променат како ги водат бизнисите, иако се уште ќе бидат под искушение да им позајмуваат на големите фирми за кои се смета дека не смеат да се дозволи да пропаднат.
И законодавците се исто така загрижени околу порастот на сивиот банкарски сектор. Затоа што штедачите прават мал поврат на нивните банкарски депозити, тие бараат поризични алтернативи, без разлика дали се тоа имоти или сиви инвестициски инструменти, еуфемистички услуги познати како „менаџирање на средства“ - а некои од нив попознати и како Понзи шеми. Шарлин Чу од агенцијата за рејтинг Фич, упатува дека сивото банкарство ја преусмерува финансиската интермедијација од неколкуте големи банки кон десетици илјади финансиски, лизинг или гарантни фирми и други помалку регулирани, неформални пројави. Таа смета дека токму тоа ги прави финансиските податоци понејасни и помалку веродостојни.
Ако кинеските лидери некогаш стават крај на ограничувањата на стапките на депозити, тоа ќе значи револуција во банкарството. На краток рок, „профитите на скоро сите банки ќе опаднат“, вели Оливер Руи, од Чајна Јуроп интернешенел бизнис скул. На долг рок, пак, тој смета дека конкуренцијата која ќе произлезе од тоа ќе ги донесе подобрите банки до здрави маргини. Тоа исто може да забрза тие да повратат извесни удел кој сега е преземен од сивиот банкарски сектор, признава Питер Вилијамсон, од Џаџ бизнис скул на Универзитетот Кембриџ. Веста за одлуката да им се дозволи на банките наскоро за почнат да издаваат сертификати со кои може да се тргува со депозити, изгледа како уште еден чекор за нивна спремност за ставање крај на спомнатото ограничување. Но тоа исто така ќе ги изложи и на ризици од краткорочи финансирања.
Третата сила за промени е долгоочекуваното усмерување на Кина од економија предводена од иневстиции, до таква која ќе зависи од домашната потрошувачка. Во изминатите две години, реалната потрошувачка придонесе повеќе за економскиот раст отколку бруто фиксната формација на капитал; услугите ориентирани кон домашната средна класа, пораснаа побрзо отколку извозно ориентираното производство. Ако овој тренд уште повеќе забрза, тоа ќе ги поттикне банките самите да даваат повеќе заеми за малите и средните фирми, и за потрошувачите од средната класа.
Ветришта на промени
Тоа ќе донесе културна промена кај банките кои во минатото обрнуваа малку внимание на услугите за клиентите, или за квалитетни кредити. Џозеф Нгаи од консултанстата куќа Мекинси, смета дека „позајмиците нема повеќе да бидат пазар за продавачте“, каде фирмите ги набиваат кредитите во грлата на СОЕ. Од неговата фирма прогнозираат дека заемите за малите компании и домаќинствата, кои заедно сочинуваат само 22 отсто од вкупните заеми дадени во 2006, ќе пораснат на 57 проценти од сите кредити (мерено според вредноста) до 2012 година.
Соберете ги сите овие трендови и иднината за Големата четворка банки изгледа помалку од розова. Вен Џиабао, поранешниот премиер на Кина, минатата година изјави дека тие „прелесно прават профити... и затоа мораме да го разбиеме нивниот монопол“. Неодамнешните извешптаи од ПБОЦ зборуваат за раст на „приватниот капитал“ во банкарството. На 9 август, кинеската Регулаторна комисија за банки, главниот регулатор во банкаската индустрија, промовираше нацрт правила за издавање банкарски лиценци, кои се со цел да го поттикнат влезот на приватен капитал во банкарството.
Конкуренцијата веќе започна да го ронат монополот на Големата четворка. Малите банки познати како комерцијални банки со здружени средства (ЈСБЦ) се формираа во доцните 80-ти и на почетокот на 90-ите, со подигнување пари и од владата и од приатниот сектор. Амбициозниот раст на ЈСБЦ, како што се Чајна Миншенг и Чајна Мерчантс, значеше дека уделот на Големата четворка во банкарските сметки во 2010 веќе се намалил на под 50 %. Додека расте побарувачката на кредити за малите фирми и домаќинставата, годините искуството кое ЈСБЦ имаат во овој сектор, уште повеќе ќе се земе во превид.
Конкуренцијата исто така доаѓа и од неочекуваните сектори: Алибаба и Тенсент, двата кинески интернет џинови, жестоко се ориентираат и кон финансиските услуги. Тенсент нуди услуги за онлајн плаќања за финансирање на менаџери, и услуги за менаџирање со средства за корисниците на ВиЧет (апликација за популарен социјален медиум со повеќе од 300 милиони корисници). Алипеј, огранокот на Алибаба за онлајн плаќања, воведе услуга наречена Ју е Бао („богатсво од кусур“) која на потрочувачите е-комерц услуги им нуди лесен начин да префрлат ситниот кусур кеш во фондови со високи камати. За само неколку месеци, тоа донесе преку една милијарда долари во инвестиции.
Овие фирми и малите нови бизниси имаат минимален удел на пазарот, но „оваа закана е она за кое било кој претседател на банка денес сака да зборува“, велат од кинеското списание кое е специјалист за финасиската индустрија Каиксин, и известуваат дека „неколку големи банки формирале „алибашинг“ група за да се борат против она што тие го сметаат како инвазија на Алибаба на нивен терен“.
И имаат право да бидат загрижени. Да биде јасно, новобогатите всушност ги сакаат производите и услугите кои ги нудат интернет провајдерите. Покрај тоа, за разлика од кинеските алчни банкари, овие иноватори имаат огромни количини податоци за имоти преку навиките за онлајн купувања, и за кредитоспособноста на потрошувачите. Големата четворка допрва може да биде сопрена од Гоемите податоци.
Со лоши заеми и со пораст на конкуренцијата, најголемите банки во Кина се соочуваат со тешки времиња кои претстојат. Чајнаскоуп фајненшел, истражувачка фирма делумно во сопственост на рејтинг агенцијата Муди, анализираше како нето каматните маргини ќе влијаат врз кинеските банки. Проценуваат дека на овој сектор ќе му биде потребна инекција од 50 до 100 милијарди долари во следните две години само за да се задржи одност на капитал на денешно ниво. Менаџментот на Големата четворка го знае ова, и побараа дозвола од нивните управни одбори да подигнат преку 40 милијарди долари во свеж капитал во следните две години. Но Ендрју Шенг од тинк-тенк организацијата Институт Фунг глобал, признава дека подцна ќе мора да подигне и повеќе пари, можеби и до 300 милијарди долари, во следните пет години.
Ако големите банки созреат по сите овие предизвици, тоа ќе доведе до поголема транспарентност и поголема конкурентност. Тоа нема да бидат добри вести само за Кина. Некогаш локалните големи банки ги следат барањата на своите муштерии во странство. Скоро една четвртина од сметките на БоЦ се сега во странство. Сметките на ИЦБЦ во странство минатата година пораснаа за 30 отсто, што е повеќе од двојна стапка на раст на сите банки. Тие исто така почнуваат да инвестираат и во странски банки. Најголемите банки во Кина веќе се светски жампиони во смисол на големина. Со текот на времето тие можат да станат и светска класа.
извор: Миа
