Честитки од Обама за успехот на преговорите на Светската трговска организација
Претседателот на САД, Барак Обама ја пофали работата на Светската трговска организација ( СТО) , која го постигна својот прв официјален договор во последните, речиси 2 децении.
„Малите претпријатија ќе бидат меѓу оние кои ќе имаат корист најмногу од договорот " , изјави американскиот претседател .
СТО решија два големи проблема - за вклучувањето на Индија и за групата земји од Латинска Америка , предводени од Куба. Договорот беше потпишан официјално во саботата во Бали , Индонезија . Според проценките на експертите договорот ќе го прошири глобалното економско производство со околу 1 трилиони долари.
„Оваа нова зделка , и особено новиот договор за олеснување на трговијата , ќе ја елиминира бирократијата низ целиот свет " , изјави Обама од Белата куќа.
„Спогодбата на СТО во Бали исто така претставува подмладување на мултилатералниот трговски систем кој поддржува милиони работни места во САД . Како Американци , ние сме горди со лидерската улога на САД во остварувањето на оваа согласност . Сакам да им честитам генералниот директор на СТО Роберто де Карваљо Азеведо и нашите колеги за ова достигнување " , посочи американскиот претседател.
Слично
