Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чесите се повеќе возат на плин

Чесите се повеќе возат на плин

Потрошувачката на течен нафтен гас за автомобили во Чешка се зголемила за 44 отсто минатата година во однос на 2012-та. Чесите во своите автомобили лани наточиле околу 22 милиона кубни метри гас, а во изминатите пет години потрошувачката на гас е зголемена тројно.

На течен нафтен гас во таа држава се движат повеќе од 6.700 возила или 2000 повеќе отколку пред една година. Според Сојузот за гас на Чешка, доколку сите возила во земјата би преминале на плин трошоците за превоз би се намалиле за околу 7,2 милијарди евра.

Но, според чешките медиуми користењето автогас може да има негативно влијание врз државната каса бидејќи ТНГ е одданочен со пониска даночна стапка, а Министерството за финансии засега не разгледува можност за зголемување на овој данок. Според Европската асоцијација за гас, Еврогас, потрошувачката на ТНГ во Европа до 2035 година може да се зголеми за седум пати.
Слично

Поврзани вести