Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чесите да ја напуштат Русија и да не патуваат во земјата - има ли некаков ризик?

Чесите да ја напуштат Русија и да не патуваат во земјата - има ли некаков ризик?

Чешка ги повика своите граѓани да ја напуштат Русија. 

Властите како што објави Министерството за надворешни работи во Прага ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Русија поради влошената безбедносна ситуација. 

„Со оглед на тековната воена инвазија на Руската Федерација во Украина и можната закана од влошување на безбедносната ситуација, особено за граѓаните на земјите-членки на ЕУ и НАТО, чешкото Министерство за надворешни работи силно апелира да не се патува на територијата на Руската Федерација Чешкото Министерство за надворешни работи ги повикува своите граѓани да ја напуштат Руската Федерација“, стои во соопштението. 

Долниот дом на парламентот на Руската Федерација ги одобри законите за припојување на четирите украински региони на Русија, по организираните гласања кои Киев и Западот ги прогласија за нелегитимни. Финска и Полска соопштија дека ги повикале руските амбасадори во нивните земји за да го осудат обидот на Русија за незаконско анексија на дополнителни четири украински региони преку референдуми кои нашироко се сметаат за лажни. Светот стравува од можна употреба на нуклеарно оружје. 

foto freepik.com/romansigaev

Слично

Поврзани вести