Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чешките комунисти на улица за Први мај

Чешките комунисти на улица за Први мај

Голем број симпатизерите и членовите на Комунистичката партија на Чешка и Моравија (КСЧМ) излегоа на улиците во Прага.

Демонстрантите носеа транспаренти со пораки против актуелната власт. Тие побараа да се најде решение за сиромаштијата и секојдневното кршење на човековите права, како и да се престане со антикомунистичката пропаганда.

Националистите од Работничката партија за социјална правда во земјата, најавија дека денешниот ден ќе го искористат за да го искажат своето мислење кон Европската унија. Чешките социјалдемократи најавија дека како и секоја година и овој Први мај ќе се сретнат со своите сопартијци и поддржувачи.
Слично

Поврзани вести