Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чешките банки нападнати од хакери

Чешките банки нападнати од хакери

Мета на кибер-напади се најголемите чешки финансиски институции, поради што денеска не функционира електронското банкарство.

Дел од банките, меѓу кои и „Комерчни банка“, „Рајфајзенбанк“ и „Ческа спорителна“, потврдуваат дека нивните интернет страници имаат проблеми во функционирањето, но негираат дека дошло до „истекување“ на било какви важни информации на клиентите.

Во изминатите два дена беа забележани блокирања на неколку чешки медиумски портали, за кои беше соопштено дека се ДДоС напади, односно вештачко оптоварување на интернет страниците.

Слично

Поврзани вести