Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чешкиот претседател вели дека Трамп му штети на НАТО повеќе од Путин

Чешкиот претседател вели дека Трамп му штети на НАТО повеќе од Путин

Според чешкиот претседател Петар Павел, на НАТО повеќе му наштети американскиот претседател Доналд Трамп отколку рускиот претседател Владимир Путин.

Павел, говорејќи во Прага, предупреди дека во момент кога почнува да се доведува во прашање единството на НАТО, тогаш се губи и самата улога на сојузот, а токму тоа, според него, Трамп го прави во последните недели со реторика што ѝ нанесува поголема штета на довербата во Алијансата отколку што тоа му успевало на Владимир Путин со години.

Суштината на пораката на Павел е дека НАТО е одбранбен сојуз, а не механизам што автоматски мора да влезе во секоја војна што САД ја водат надвор од територијата на членките. Според него, европските сојузници од почетокот не биле ниту целосно информирани за целите и операциите против Иран, ниту, пак, од нив навреме било побарано конкретно учество. Оттаму, чешкиот претседател ја смета за неправедна американската теза дека Алијансата „паднала на тест“ само затоа што не се вклучила во конфликт што не произлегува од членот 5 и колективната одбрана.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести