Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чешката Влада предвидува дефицит од над четири милијарди евра

Чешката Влада предвидува дефицит од над четири милијарди евра

 Чешката Влада која е во заминување, денеска почна расправа за нацрт-буџетот на државата за идната година, со вкупен дефицит од 110 милијарди круни, 4,4 милијарди евра.

За предложениот Буџет, техничката Влада на премиерот Јиржи Руснок ќе разговара секоја недела во месецов и потоа ќе го одобри, изјави министерот за финансии Јан Фишер, кој предложи за 200 милиони евра поголем дефицит отколку што лани предвидуваше претходната Влада на премиерот Петр Нечас.

Според Фишер, дел од министерствата биле незадоволни со исполнувањето на барањата и според него потребите на индивидуалните сектори изнесувале 1,4 милијарди евра, кои Владата не можела да ги исполни, но не ја затвара расправата во таа насока.

На пример, Министерството за трговија и индустрија, поднело барање до Владата за зголемување на Буџетот за 160 милиони евра во врска со Предлог измените на Законот за поддржаните извори на енергија.

Министерот за сообраќај, Здењек Жак исто така предложил, Државниот фонд за транспортна инфраструктура да добива 960 илјади евра повеќе следните три години, во спротивно, тој предупредува дека од 2015 година земјата ќе нема доволно средства за финансирање на изградбите, во кои со свои средства учествува и Европската унија.

Постои можност, по прифаќањето на Нацрт-буџетот од Владата, тој да претрпи измени од новиот состав на Собранието и Владата кои ќе бидат составени по октомвриските вонредни парламентарни избори

Слично

Поврзани вести