Чешка стопираше продажба на еден тон месо од Шведска со траги од коњска ДНК
По резултатите од тестовите на Чешката ветеринарна управа (СВС) која открила траги од коњска ДНК во говедски хамбургер со потекло од Полска и ќофтиња од говедско и свинско месо од Шведска, производите се стопирани и не се пуштаат во продажба.
Според изјавата на портпаролот на СВС, Јозеф Дубен информацијата е ставена и во системот за итно предупредупредување РАСФФ за останатите земји-членки на Европската унија.
Примероците од хамбургерите се продавале во компанијата „БидВест“, а ќофтињата, во рестораните на шведскиот синџир на продавници за мебел „Икеа“. Двете сомнителни пратки, конкретно 760 килограми ќофтиња и 360 килограми хамбургери се запрени од понатамошна дистрибуција во продажната мрежа.
- Покрај ова се проверува и податокот колку ирско месо кое е означено како говедско месо, а за кое постои сомневање дека содржи коњско месо влегло во нашата земја, додаде Дубен.
Претходно, чешката инспекција пронајде недекларирано коњско месо во лазањи произведени во Луксембург.