Чешка се спрема за воведување на еврото?!
Според чешкиот претседател Милош Земан, главната предност на воведувањето на единствената европска валута, е заштита од нападите на финансиските пазари на националната валута. Тој пред неколку дена порача дека Чешка би можела да стане членка на еврозоната во рок од пет години.
„Не мислам дека главниот аргумент за еврото се трансакциските трошоци, туку главната причина е тоа што еврото, покрај американскиот долар и јапонскиот јен, е валута, на која шпекулантите не можат успешно да нападнат“, рече Земан.Чешка нема одредено конкретен датум за воведување на еврото, а до неодамна властите силно се спротивставуваа на оваа идеја.
Слично
