Чешка сака ново, полесно име?
Дебатата за промена на името доаѓа од претседателот, премиерот и други високи државни претставници.
Наместо Република Чешка земјата да се нарекува едноставно Чешка или Чешко. Во официјалното соопштение лидерите објаснуваат дека промената се бара поради честите случаи во кои името се изговара погрешно дури и за време на официјални настани во странство.
Во 2013 година, на пример, проблемот со долгото име на земјата дури стана тема на разговор меѓу претседателот Милош Земан и тогашниот негов израелски колега, Шимон Перес.
Токму од таа причина лидерите се надеваат дека промената ќе се случи пред почетокот на Олимписките игри ова лето. Според некои Чеси називот Чешка е грд и премногу личи на Чеченија.
Државните претставници веќе се на пат да побараат од ОН да го променат името на земјата во базата на податоци со географски имиња.
