Чешка од рај за пушачите строго ќе казнува за цигари во кафулиња
По долгогодишна дебата, силен отпор и постојани забелешки на ЕУ во Чешката Република конечно е воведена забрана за пушење во баровите, рестораните и кафулињата. Чешка долго време важеше за рај за пушачите како една од ретките земјо во ЕУ, но и воопшто во Европа во која беше дозволено секаде да се пуши, а од тоа голем бенефит имаа угостителите.
Забраната е одобрена од Парламентот, а ја потпиша претседателот на Чешка, Милош Земан, кој и самиот е пушач. Почнувајќи од денеска, за кршење на забраната за пушење се предвидува казна од 5.000 чешки круни (околу 188 евра).
За разлика од поголемиот број држави во Европа, Чешка остана толерантна кон пушењето сè до сега, а сопствениците на угостителските објекти одлучуваа дали ќе дозволат или не.
