Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чешка не може да прифати илјадници бегалци без контрола

Чешка не може да прифати илјадници бегалци без контрола

Владата на Чешка го отфрла системот на обврзувачки квоти за бегалци, бидејќи системот на прераспределба не функционира.

Ова го изјави чешкиот министер за надворешни работи, Лубомир Заоралек на конференција во Братислава. Тој додаде дека има несогласување за спојувањето на миграциската криза со користењето на паричните средства од европските фондови.

„За политичарите, е невозможно да му објаснат на народот дека мора да го прифатат овој обврзувачки систем кога луѓето гледаат дека мигрантите не сакаат да останат во Чешка“ - рече Заоралек.

Тој вели дека земјата не може да прифати илјадници мигранти без контрола. Според него многу од земјите имаат проблем да ги интегрираат бегалците во своите општества.

Минатиот месец Чешка и Франција не се согласуваа со трајно прераспоредување на бегалци меѓу земјите членки на ЕУ и бараа зајакнување на надворешните граници на Унијата.

Слично

Поврзани вести