Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чешка не брза да влезе во еврозоната

Чешка не брза да влезе во еврозоната
Чешката Република годинава не исполнила два од четирите Мастришки критериуми, односно условите на ЕУ кои се потребни за воведување на еврото во земјата.
Според годишниот извештај на Чешката народна банка (ЧНБ) и Министерството за финансии, поради зголемувањето на стапката на ДДВ од почетокот на годинава, не е исполнет критериумот за ценовна стабилност, а земјата исто така не успеа да го одржи буџетскиот дефицит на трипроцентниот лимит.
Чешка со влегувањето во ЕУ на 1 мај 2004 година се обврза дека ќе го забрза исполнувањето на условите за да ја воведе европската валута иако доколку не ги исполни критериумите нема никакви последици. Исклучок од ова е критериумот за одржување на јавните финансии, кој во моментов исто така не го исполнува.
Општиот буџетски дефицит годинава ќе изнесува 5 проценти од Бруто домашниот производ (БДП), поради пресметувањето на црковната реституција, односно враќањето на имот и плаќањето на отштета на црквата кој и беше одземен за време на комунистичкиот режим во Чехословачка, 1948-1989 година.
Во 2013 година, Министерството за финансии предвидува дефицитот да изнесува под три проценти. По прашањето на јавните долгови, Чешка ги исполнува условите на ЕУ. За годинава се предвидува долг од 45,5 проценти од БДП, наспроти условите на ЕУ за 60-процентна граница. Критериумот за долгорочните каматни стапки, Чешка ги исполнува и не се очекуваат некои сериозни ризици во тој поглед. Според материјалот, кој чешката Влада неодамна го усвои, Министерството за финансии и ЧНБ не препорачуваат одредување на датум за стапување на земјата во еврозоната
Слично

Поврзани вести