Чешка ќе прими 153 мигранти, но под еден услов
Чешка ќе прими 153 мигранти, христијани кои побеганале од Ирак од периферијата која е контролирана од борците на „Исламска држава“, изјавил чешкиот премиер Бохуслав Соботка.
„Тоа се припадници на христијанско малцинство во Ирак кои побегнале од „Исламска држава“ од областа Мосул, каде со генерации живееле“, изјавил Саботка вчера пред новинарите по завршивањето на седницата на владата.
Претседателот на Чешка, Милош Земан во јули изјавил дека од бегалци би примил само христијани.
Во прашање се 37 христијански фамилии кои ќе дојдат во Чешка во четири групи, од јануари до април следата година, соопштил Соботка.
Прага одби да ги прифати квотите на ЕУ за распоредување на бегалците, а и според анкетите повеќемината Чеси не се согласуваат да се примаат бегалци кои бегаат од воените зони.
