Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чешка и натаму во рецесија

Чешка и натаму во рецесија

Чешката економија останува во рецесија, најдолго во модерната историја на земјата.

Според, податоците на Заводот за статистика во првото тромесечје од годинава економијата ослабела за 0,8 проценти, односно во споредба со истиот период минатата година за 1,9 проценти.

На резултатите делувала слабата надворешна побарувачка и нерамната наплата на даноци.

- Тоа, дека чешката економија на почетокот на годинава се уште не излезе од рецесија, всушност се очекуваше, но реалниот пад на Бруто домашниот производ делуваше како студен туш, оценува економистот Патрик Рожумберски.

Слично

Поврзани вести