ЧЕРНОБИЛ ПОВТОРНО ИМА СТРУЈА: Работниците на крај на силата
Напојувањето со електрична енергија на нуклеарната централа Чернобил е обновено, што значи дека системите за ладење функционираат нормално и немаат потреба од резервно напојување. Ова го соопшти украинското Министерство за енергетика, цитирано од Ројтерс.
Украина претходно најави зголемен ризик од истекување на радијација доколку не се поправи високонапонскиот далновод што ја снабдува станицата. Тој беше оштетен за време на битките меѓу украинските и руските сили. Росатом во саботата соопшти дека нејзините специјалисти работат на обновување на снабдувањето со електрична енергија по договорот со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
Меѓународната агенција предупреди дека вработените во електраната престанале да ја поправаат и одржуваат опремата поврзана со безбедноста. Тие се крајно исцрпени и не мируваат откако Русија ја презеде фабриката на почетокот на војната, пренесува БТА.
„Украинскиот регулатор ја информираше МААЕ дека вработените во Чернобил повеќе не ја поправаат и одржуваат опремата поврзана со безбедноста поради физички и психолошки замор откако без престан работеа речиси три недели“, соопшти организацијата.
