Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чернобил пак е без струја

Чернобил пак е без струја

Нуклеарната централа во Чернобил во Украина повторно остана без струја. 

Руските сили по вторпат оштетија високонапонски далновод кој ја снабдува централата со струја, објави денеска украинската национална енергетска компанија „Укренерго“, пренесе РСЕ.

Штетата настанала набргу откако компанијата „Укренерго“ го вратила снабдувањето со електрична енергија во објектот, откако претходно по првпат беше прекинат доводот на струја.

Компанијата во соопштението вели дека руските сили повторно ја оштетиле електричната мрежа која, освен централата во Чернобил, со струја го снабдува и градот Славутич.

Централата во Чернобил, беше целосно исклучена од електрична мрежа минатата недела како последица на руски напад, а електраната остана без струја.

Украина претходно најави зголемен ризик од истекување на радијација доколку не се поправи високонапонскиот далновод што ја снабдува станицата. Тој беше оштетен за време на битките меѓу украинските и руските сили. Росатом во саботата соопшти дека нејзините специјалисти работат на обновување на снабдувањето со електрична енергија по договорот со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

foto Wikipedia

Слично

Поврзани вести