Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЕРНОБИЛ Е ОД НЕПРОЦЕНЛИВА ВРЕДНОСТ, ЗОШТО Е ВАЖЕН ЗА ПУТИН: Американскиот воен командант Бен Хоџис го дава одговорот

ЧЕРНОБИЛ Е ОД НЕПРОЦЕНЛИВА ВРЕДНОСТ, ЗОШТО Е ВАЖЕН ЗА ПУТИН: Американскиот воен командант Бен Хоџис го дава одговорот

Сирените за тревога се огласија кога руските сили ја окупираа нуклеарната централа Чернобил во раните утрински часови, не долго по инвазијата на Украина, па безмалку целата светска јавност го постави прашањето е зошто радиоактивниот пустош е првата цел на Русија.

Додека само највисоките функционери во Москва можеби го знаат најпрецизниот одговор, се претпоставува дека Русите го направиле тоа затоа што Чернобил е една од најдиректните рути до Киев, главниот град на Украина.

„Чернобил е важен поради локацијата каде се наоѓа. Ако руските сили го нападнат Киев од север, Чернобил е тука, на самиота пат“, посочува пензионираниот генерал-полковник Бен Хоџис, поранешен американски воен командант во Европа.

Чернобил е на помалку од 16 километри од границата меѓу Украина и Белорусија, сојузникот на Русија, каде Москва собира војници како подготовка за нападот. Рутата од Белорусија до Киев преку Чернобил би можела да биде особено привлечна за руските воени планери бидејќи ќе им овозможи да ја преминат реката Дњепар во Белорусија, избегнувајќи го потенцијално опасниот премин на главната река што ја дели Украина, зад непријателските линии.

„Тие го сакаат тоа затоа што сакаат да ја преземат контролата врз целата земја. Тие сакаат да го опкружат главниот град“, рече Евелин Фаркас, која беше заменик-помошник министер за одбрана за Русија, Украина и Евроазија во администрацијата на Обама.

Борбите во областа неделава би можеле да предизвикаат загадена почва и и друга контаминација, предизвикувајќи загриженост за можноста од негативни влијанија врз животната средина кои би можеле да се шират многу подалеку од теренот.

Фаркас рече дека дури и ако рускиот претседател Владимир Путин нема интерес за самата нуклеарка, Москва би сакала да го обезбеди објектот, особено со потенцијал за долготрајна борба со украинските бунтовници доколку Русија продолжи да ја окупира земјата.

„Тие сигурно не сакаат нуклеарниот материјал слободно да лебди наоколу. Тие ја разбираат опасноста таму“, рече таа. „Чернобил е бескорисен радиоактивен пустош. Но, ако сакате брзо да го земете Киев, поминете низ Чернобил“, оценуваат воените аналитичари.

ФОТО: OLEG PETRASYUK/ЕПА

Слично

Поврзани вести