Черњак откри каков план имаат Украинците за борбените дејствија
Портпаролот на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, Андриј Черњак изјави дека Украина ќе ги нападне руските позиции на окупираната територија.
Вели дека Русија прераспоредува нови воени единици во северниот дел на Крим. Кажа дека Русија го засилува присуството и во северниот дел на полуостровот и во окупираната област Херсон.
„Окупаторот не успеа да спроведе ниту еден од своите планови во Украина. Имајќи предвид дека нашите странски партнери нè снабдуваат со ново оружје, така наречениот копнен коридор кон Крим секако не е безбеден. Украина ќе ги нападне руските позиции низ окупираната територија“, рече тој.
Објаснува дека Русите во моментов вложуваат максимални напори да го зачуваат копнениот коридор кон Крим.
Киев објави дека украинските сили убиле или раниле околу 500 руски војници во артилериски напад во областа Херсон, јужна Украина.
Патриотска група која ги претставува вдовиците на руските војници го повика Владимир Путин да нареди масовна мобилизација на милиони мажи и да ги затвори границите за да обезбеди победа во Украина, пишува Скај Њуз.
За потсетување, руската инвазија на Украина почна на 24 февруари лани.
Украина обвинува дека руските војници мачеле цивили во логори.
