Чекајќи го Годо – Лондон потрошил 4,4 милиони евра на Асанж
Дури 4,4 милиони евра потрошил Лондон за Асанж. Имено, според податоците од полицијата, а кои ги побара градскиот совет на градот, овие пари, кои биле потрошени во периодот од јуни 2012 до мај 2013, биле наменети за опсадата на амбасадата на Еквадор во Лондон и бдеењето дали Асанж ќе се појави од некаде.
Според лондонската полиција околу 800.000 евра од овие пари се исплатени за прекувремена работа. Оттаму изјавиле и дека тие се уште не побарале надомест на сумата од Министерството за внатрешни работи и дека сега се во почетна фаза од преговорите на темата.
"Бесмислено е дека повеќе од една година полицијата е стационирана пред еквадорската амбасада, чекајќи го Асанж да се обиде да побегне. Во време кога тие ги намалуваат трошоците, како ова може да биде приоритет? Оваа ситуација не може да се дозволи да трае неограничено," изјавила претставничката на Зелената партија во советот на Лондон, Џени Џоунс.
