Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЧЕКАА ДА ОТВОРАТ ПА ДА ПИЈАТ ПИВО ВО ПАБ: Во Сиднеј се „слави слободата од локдаунот“

ЧЕКАА ДА ОТВОРАТ ПА ДА ПИЈАТ ПИВО ВО ПАБ: Во Сиднеј се „слави слободата од локдаунот“

Четири месеци дома, па на возбудата од слободата и немаше крај. Во Австралија, по четири месеци во кои поради пандемијата на сила беа тешки рестриктивни мерки, од синоќа се отворени кафулињата, спортските сали и рестораните. Во Сиднеј, ако се суди по фотографиите, граѓаните во редици чекаа за да влезат и да се напијат пиво. Објектите беа отворени веднаш на полноќ и граѓаните побрзаа да излезат. Премиерот на Нов Јужен Велс Доминик Перотет рече дека локдаунот бил 100 дена и поради тоа возбудата е голема. 

Од јуни всушност имаше рестрикции низ цела држава и во Сиднеј и во Канбера, ама премиерот сега предупредува на внимателност за да не се прошири вирусот повторно брзо. 

Инаку според новите правила дома можат да ви дојдат гости а со нив да бидете вкупно 10, а дозволени се и свадби и погреби со најмногу 100 луѓе. 

Продавниците се отвораат ама ќе работат со намален капацитет. СЕкаде може да одат само вакцинирани, а невакцинираните граѓани мора да останат дома до 1 декември.

Слично

Поврзани вести