ЧОСУДОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: САД се подготвува за војна со Русија!
САД се во подготовка за војна со Русија - во тек е распоредување на американски воени лица во Украина, се одржуваат воени подготовки и се врши продажба на воени системи, предупредува Мајкл Чосудовски за „Global research“, пренесува „портал-кс.ком“.
Започната е поддршка на украинската Национална гарда преку калифорниско – украинската државна програма , чија цел, како што официјално се тврди е да „промовира демократија, слободна пазарна економија и воени реформи“, пишува горе наведениот сајт.
Во праксата тоа е искористено за канализирање поддршка, по пат на воени советници за батаљоните на украинската Национална гарда во Донбас“, тврди Чосудовски.
Платениците и „приватно – безбедносните оперативци“ на договор со Пентагон и НАТО веќе се распоредени во полињата на делување на украинската војска и Националната гарда во регионот Донбас во Источна Украина.
„Стејт Департментот потврдил дека ќе продолжи со испраќање на „специјални тимови“ во Украина за „советување и воена обука“.
Канцеларијата за одбрамбена соработка(КОС), која работи за Американската амбасада во Киев, соработува со украинскиот министер за одбрана со цел давање воена опрема, обука и модернизација на украинската војска.
Американскиот амбасадор, Џефри Пјат, во соработка со помошник државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, ја игра клучната улога во координацијата на активностите помеѓу КОС и Украина.
Воените закани, комбинирани со „економската војна“ имаат за цел да создадат социјална и економска нестабилност во Руската Федерација.
„Воените вежби на САД и НАТО , кои се одвиваа изминатите месеци во Источна Европа и балтичките држави беа експлицитно насочени против Русија“, наведува Часудовски, соработникот на „Global research“.
Претседателот на САД, Барак Обама, на 18 декември потпишал акт на Поддршка на украинската независност, која предвидува испорака на воена помош од 350 милиони долари со цел да ја поддржи воената кампања на Киев во Донбас.
Во средината на декември генералот Џејмс Ставридис, поранешен командант на НАТО во Европа ја повика Атлантската алијанса да „испрати оружје и воени советници во Украина и да и помогне да се бори против сепаратистите кои имаат поддршка од Русија“.
Распоредувањето на американски воени лица во Украина се одвива под т.н. „Заедничка контакт – тим програма на Украина“, чија улога е да распореди американски воени тимови во Украина и да и приближи на украинската војска различни аспекти на западните армии.
(Извор: портал-кс.нет)
