Економија, финансии, бизнис

Контакт

Часовникот на долгот во САД ќе запре до октомври

Часовникот на долгот во САД ќе запре до октомври
Познатиот американски часовник кој секојдневно покажува колку трилиони должи благајната на CАД, ќе биде запрен до октомври, потврди американскиот Cекретаријат за финансии. До март, долгот растеше со темпо од неколку десетици милијарди долари дневно, со повремени еднодневни намалувања, но со постојана тенденција на пораст. Од март, Cекретаријатот користи сметководствени техники за да го прикрие вистинското ниво на американскиот долг и барем навидум да го задржи под нивото од 16,7 трилиони долари. Така, на пример, на 1 јуни 2012 година САД должеа 15,7 трилиони долари, потоа долгот за првпат се искачи над бројката од 16 трилиони долари на 5 септември 2012 година, а 1 јануари 2013 година веќе беше 16,43 трилиони. Но, од март годинава часовникот е практично исклучен и бележи само минимални отстапувања од бројкат 16,7 трилиони. Реалниот износ на американскиот долг оттогаш е практично непознат за јавноста. Причината за ова е што Конгресот на САД ја има поставено границата на задолжувањето на околу 16,7 трилиони, а секој државен долг над таа бројка би значел дека Конгресот нема да дозволи враќање на долгот, или пак исплата на некоја друга обврска преземена од државната благајна. Секретарот за финансии, Џејк Лу, има право да преземе вонредни мерки за прикривање на долгот, како што е привремено одбивање да ја изврши уплатата во некои од големите пензиски фондови на државните службеници, поштата, или фондот за стабилизирање на курсот на доларот.  
Слично

Поврзани вести