Економија, финансии, бизнис

Контакт

Часови го делат Крим до одлука, Украина ја обвини Русија за воена инвазија

Часови го делат Крим до одлука, Украина ја обвини Русија за воена инвазија
Клучниот референдум на Крим ќе се одржи утре, а на него жителите на полуостровот треба да се изјаснат дали се за отцепување од Украина и приклучување кон Русија. Од момент во момент, во пресрет на референдумското изјаснување напнатоста расте. Украина денеска ја обвини Русија за воена инвазија и заземање дел од украинската територија заради распоредувањето на 80 руски војници, хеликоптери и оклопни возила во село сместено од другата страна на административната граница меѓу Полуостровот Крим и остатокот од Украина. Властите во Киев бараат итно повлекување на руската војска и се закануваат дека ќе возвратат со сите средства за да ја спречат руската воена инвазија. Руското Министерство за внатрешни работи, пак, објави дека „ги разгледува барањата за заштита што ги испраќаат мирни граѓани во Украина“. „Русија постојано добива вакви барања и ќе ги разгледа“, најавуваат од руското Министерство. Во меѓувреме, напнатоста расте и меѓу големите сили кои си ја одмеруваат моќта во украинската криза. Американскиот разурнувач Тракстун ќе изведе дополнителни вежби со своите сојузници во Црното Море, во близина на Крим, најави заповедникот на воениот брод Ендру Биен. Според него, вежбите ќе претставуваат дополнителен меѓународен одговор на руските акции во Украина. Бродот со 300 члена екипаж во моментов е закотвен во пристаниште во воената база во Бугарија, а минатата недела веќе учествуваше во воени вежби со романски и бугарски бродови во Црното Море.
Слично

Поврзани вести