Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чарлс Трети станува претседател на Канада

Чарлс Трети станува претседател на Канада

Новиот британски крал Чарлс Трети денеска ќе биде прогласен за шеф на државата Канада. Церемонијата ќе се одржи денеска во Отава, соопштија од кабинетот на канадската генерална гувернерка Мери Сајмон, која е официјален претставник на британскиот монарх во земјата.

Церемонијата ќе започне во 14:00 часот по Гринич во салата Ридо, официјалната резиденција на генералниот гувернер. Чарлс  Трети покрај крал на Велика Британија, станува и шеф на држава на 14 други земји и територии, вклучувајќи ја и Канада.

Канада е членка на Комонвелтот на народите, чии земји го имаат британскиот монарх за шеф на државата.


Слично

Поврзани вести