Економија, финансии, бизнис

Контакт

Чарлс Трети: Кралицата Елизабета имаше убаво проживеан живот

Чарлс Трети: Кралицата Елизабета имаше убаво проживеан живот

Знам дека нашите нови принц и принцеза од Велс ќе продолжат да инспирираат и да ги водат нашите национални дискусии, изјави Чарлс Трети во своето прво обраќање како крал до нацијата.

Новиот британски крал Чарлс Трети ги прогласи принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт за војвода и војвотка од Велс, предавајќи им ги титулите што претходно ги носеа тој и покојната принцеза Дијана.

Тој попладнево се врати во Лондон од Шкотска и утре треба да биде прогласен за крал, но претходно ѝ оддаде почит на својата мајка, која почина вчера на 96 години. 

„Низ нејзиниот живот, нејзиното височество кралица, мојата омилена мајка, беше инспирација и пример за мене и за целото семејство и сите ние имаме огромен долг кон неа. Кралицата Елизабета имаше убаво проживеан живот. Се жртвуваше за должност и уште во 1947 година вети дека ќе го посвети својот живот за да му служи на својот народ. И јас денеска пред сите вас го обновувам ветувањето за доживотна служба“, кажа Чарлс.

Тој  рече дека неговиот живот сега ќе се промени со новите одговорности. Ова е промена за него и неговото семејство. 

„Сметам на помошта од мојата сакана сопруга Камила, чија лојална јавна служба во изминатите 17 години беше призната со тоа што беше прогласена за кралица. Сакам да ја изразам мојата љубов и кон Хари и Меган додека продолжуваат да градат нов живот во САД“, рече Чарлс.

Tој ѝ се заблагодари на својата мајка „додека го почнува своето последно патување за да му се придружи на неговиот татко“.

foto AP

Слично

Поврзани вести