ЧАРЛС НЕМА ДА МУ ОСТАНЕ ДОЛЖЕН НА ХАРИ: Ќе следи остра казна за поранешниот принц
Принцот Хари би можел да биде исфрлен од официјалниот протокол на крунисувањето на кралот Чарлс, пишуваат британските медиуми. Причината за тоа се голем број „скандалозни“ откритија од неговите мемоари, кои ќе бидат објавени следната недела.
Во својата нова автобиографија, наречена „Резервна“, Хари упати низа тврдења и обвинувања против својот брат и татко, нарекувајќи го принцот Вилијам свој непријател. Тој исто така го обвини својот татко дека се грижи дека ќе остане во сенка на моќта на Меган Маркл како холивудска ѕвезда.
Кралското семејство засега не ги објави мемоарите на Хари, но британските медиуми најавија дека сепак ќе има последици за принцот поради се што е споменато во книгата и дека ќе биде изоставен од крунисувањето на кралот Чарлс, кое е закажано за мај. Веста за неговото „отстранување“ од церемонијата доаѓа откако принцот се појави на британската телевизија ITV каде зборуваше за вината што ја чувствува по смртта на неговата мајка, принцезата Дијана.
„Принцот Хари е изоставен од сценариото за крунисување, без официјална улога во службата доколку присуствува“, а се вели дека Чарлс ќе стави крај на традицијата на кралските војводи да клечат и да им оддаваат почит и само Вилијам ќе ја има таа улога.
